ДУИ ги промовираше жените- кандидти за пратеници
Ахмети потсети на заложбите на ДУИ во оставувањето на политиките на родовата рамноправост, а потврда за тоа е секако застапеноста на жената Албанка во политиката...
Денеска нема да ви говорам за политиката, туку напротив ќе се осврам за значењето на жената, мајката Албанка, којашто е нашиот симбол на одржувањето на традицијата и семејните вредности.
Ова го рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред присутните членови и симпатизери на женската организација на оваа партија. Притоа тој потсети на заложбите на ДУИ во оставувањето на политиките на родовата рамноправост, а потврда за тоа е секако застапеноста на жената Албанка во политиката.
„Мајката е таа која се грижи за воспитанието и доброто на своите деца. Мајката е таа којашто се грижи за иднината на своите деца. Овие пораки ќе ги пренесеме во сите институции, бидејќи во иднина како во семејството, така и во општеството, мајката ќе има одговорна функција и како жена ќе го дава својот придонес на сите фронтови“, рече Ахмети.
На денешната среба на ДУИ беа претставени и жените кандидатки за идни пратеници во македонскиот Парламент.
Мирјана Василева
