Ракомет

Ракометарите во група со Португалија и со Турција

31.03.2022 21:35

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2024, кое ќе се одржи во Германија..

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2024, кое ќе се одржи во Германија. Судбината сакаше и ракометарите да играат во земјата која можеше да биде судбоносна за фудбалерите – Португалија.

За пласман на следниот евро-шампионат ќе треба да одиграме поволно против Португалија, Турција и против Луксембург. Така реши денешната ждрепка во Берлин, која може да се оцени како добра за Македонија. Португалија е извонредна селекција, но не е Норвешка или Франција, а Турција и Луксембург исто така не доаѓаат од врвот на своите квалитативни садови.

За да се пласира на ЕП; Македонија треба да го освои првото или второто место во групата 1, но виза ќе има и за најдобрите четири трети места. Покрај домаќинот Германија, на ЕП директно се пласирани и шампионот Шведска, финалистот Шпанија и третопласираната Данска.