Попис

Бугарското МНР е изненадено од бројката на попишани Бугари во Македонија

01.04.2022 09:11

Според пописот, во земјава како бугари се изјасниле 3.504 граѓани...

Бугарија изненадена од резултатите од пописот во земјава. Тамошното министерство за надворешни работи излезе со соопштение, во коешто се повика на искажаните сомнежи за кредибилитетот и за транспарентноста од организациите на бугарите во Македонија.

„Забележуваме драстична неусогласеност меѓу презентираните податоци и бројката од над 100 илјади граѓани на Северна Македонија, кои лично поднеле документи со кои се докажува бугарското потекло и самосвеста за добивање на бугарско државјанство“, стои во соопштението на бугарското МНР.

Софија забележува и дека нема податоци за бројот на нашинци од дијаспората, а коишто се декларираат како бугари, но и на 132-те илјади граѓани кои не беа пребројани на терен. Според пописот, во земјава како бугари се изјасниле 3.504 граѓани.