Денови на македонска музика
Денес започнува 45-тото издание на фестивалот „Денови на Македонска музика“ на кој до 30 април ќе бидат изведени 16 концерти, пет дополнителни настани, музички средби и трибина...

Денес започнува 45-тото издание на фестивалот „Денови на Македонска музика“ на кој до 30 април ќе бидат изведени 16 концерти, пет дополнителни настани, музички средби и трибина.
„Деновите на македонска музика“ свечено ќе бидат отворени со Гала концерт на солистите, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
На програмата на концертот се дела инспирирани од богатата македонска фолклорна ризница, исткаени во уметнички бисери преку творечките пера на композиторите Тодор Скаловски, Стојче Тошевски, Љупчо Константинов, Тодор Трајчевски и Драган Даутовски.
Под диригентската палка на маестро Вања Николовски – Ѓумар, како солисти ќе настапат сопранот Ана Ројдева, тенорот Јане Дунимаглоски, виртуозот на македонските народни инструменти Драган Даутовски на гајда и Ратко Даутовски на тапани.
