Бугарски историчари: Се прави чекор напред, Цар Самоил е завршена работа
Мешовитата историска комисија вториот ден ги разгледува личности од средниот век. „Работата засега добро се одвива. Цар Самоил е завршена работа, за Гоце Делчев ако има време“ – оценка на бугарските историчари. Организации коишто го следат интегративниот процес со предупредување и совет до властите за преговорите со Бугарија...

Мешовитата историска комисија продолжи со работата во Скопје. На маса се забелешките од бугарската страна за средовековниот период во македонските учебници по историја за седмо одделение. Претходно во Софија беа разгледани и македонските забелешки за бугарските учебници за 6-то одделение. Бугарските историчари пред состанокот изјавија дека има напредок во работата на комисијата и дека веќе е постигнат договор за заедничко чествување на Цар Самоил.
„Работата засега добро се одвива“, изјави бугарски историчар.
„Се прави чекор напред. Цар Самоил е завршена работа. За Гоце Делчев ако има време“, изјави Анѓел Димитров-шефот на бугарскиот дел од мешовитата историска комисија.
Членовите на мешовитата историска комисија во текот на оваа година треба да одржат 5 средби, историската комисија има дадено препораки до македонската и бугарската Влада за заедничко чествување на пет историски личности: Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Наум и Климент Охридски.
Ирина Гелевска
