Формула 1

1-2 за Мерцедес на 900-тото Гран-При

06.04.2014 19:24

Хамилтон-Росберг за еден два победа на Бахреинското гран при и потврда на доминацијата на Мерцедес и по третата трка во  65-тата сезона во Формула 1.

Хамилтон-Росберг за еден два победа на Бахреинското гран при и потврда на доминацијата на Мерцедес и по третата трка во  65-тата сезона во Формула 1.

Веднаш по стартот Хамилтон ја презеде првата позиција од Нико Розберг и иако имаше многу дуели за време на трката меѓу возачите на Мерцедес сепак на крајот Хамилтон стигна до 25-тата победа во кариерата. Розберг како и минаттата сезона пол позицијата не ја претвори во триумф, но со второто место ја задржа предноста во генералниот пласман пред Хамилтон сега на 11 поени. Одличенн викенд за Форс Индија, Перез стигна до третото место, Хулкенберг беше петти, меѓу нив Рикардо кој заедно со Фетел на 6-тата позиција напредуваа одлично по лошите квалификации за Ред Бул.

Во бодови влегоа и двата Вилијамса на Маса и Ботас и разочарувачки за Ферари со само 3 поена за последните две места што носат поени се пласираа Алонсо и Раиконен.

За издвојување е опасното,  но за среќа само атрактивно превртување на Гутиерез по ударот од Малдонадо во 42-от круг што беше причина за излегување на безбедносното возило и многу акција во завршните кругови по намалување на временските разлики.

Следната трка е по 14 дена за големата награда на Кина.