Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Пописот помина, какви прашања отвори најголемата статистичка операција во земјава? Одговори бараме од директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски...

Изборите во Србија централна балканска тема. За излезеноста и неофицијалните резултати од изборите анализа со н.е. Невена Јовановиќ– амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија и Оливер Бранковиќ – дописник на МТВ од Белград.
Лебот е неизоставен и неопходен дел од нашата исхрана. Како да одберете квалитетен леб, на што да внимавате кога купувате леб и кои се придобивките од конзумирањето нутритивно квалитетен леб ? На оваа тема со Татјана Павлова- нутриционист.
А на тема демографија, пописот помина, какви прашања отвори најголемата статистичка операција во земјава? Одговори бараме од директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Една третина од текстилните работници во земјава веќе имаат потврдена медицинска дијагноза или состојба, а останатите се во ризик е наведено во првата направена анализа за професионалните заболувања во текстилната индустрија. На оваа тема разговараме со проф. д-р Елисавета Стикова од македонското здружение за заштита при работа.
4-ти април е Меѓународен ден за подигнување на свеста за мини и помош за деминирање. И Македонија е подрачје каде има голем број на неексплодирани убојни средства. Кои региони се најризични, каде има најмногу интервенции во однос неексплодирани мински средства. За овие прашања разговараме со првиот човек на центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
