Груевски и изборниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во Фејсбук комуникација со граѓаните
Можности за стипендии во странство, легализирање на дивоградбите, субвенции за вработување на корисниците за социјална помош, странски инвестиции, реформи во здравството, поволности за децата без родители, се само дел од темите за коишто се бараа одговори во маратонската Фејсбук дебата...

Над 500 прашања од граѓаните во интернет дебатата со изборниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од лидерот Никола Груевски. Можности за стипендии во странство, легализирање на дивоградбите, субвенции за вработување на корисниците за социјална помош, странски инвестиции, реформи во здравството, поволности за децата без родители, се само дел од темите за коишто се бараа одговори во маратонската Фејсбук дебата.
Интерес и за условите во студенскиот дом „Гоце Делчев“ изграден во седумдесетите. На прашањето се планира ли негово реновирање, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ најави дека темелната реконструкција, би стартувала на почетокот на 2015 –та и од практични причини би одела етапно, во 4 фази.
„Ако се реновира целиот одеднаш, огромна бројка на студенти ќе останат без простор“, одговори Груевски на поставеното прашање.
Груевски, Јанкуловска, Тодоров, Ставрески, Милошоски и Поповски, носителите на кандидатските листи во 6-те изборни единци се преселија во изборниот штаб на улица „Македонија“ за да продолжат со Фејсбук комуникацијата со граѓаните, откако ВМРО-ДПМНЕ ги испрати пораките од почетниот митинг за парламентарните избори. Ваквиот начин на комуникација, ВМРО-ДПМНЕ почна да го практикува од 2011-та година.
Виолета Димовска
