Нов повик за проектот „Купи куќа, купи стан“
Информацијата за спроведување на проектот и негово продолжување во 2022 година со предлог да се објави нов повик беше усвоена на седница на Влада.

Миистерството за финансии ќе објави нов повик за проектот „Купи куќа, купи стан“ на кој заинтересираните граѓанит ќе може да аплицираат за субвенциониран кредит за обезбедување свој нов дом.
Информацијата за спроведување на проектот и негово продолжување во 2022 година со предлог да се објави нов повик беше усвоена на седница на Влада.
Граѓаните ќе може да аплицираат за една од двете варијанти за субвенции на рата или за субвенционирање на учеството за купување стан или изградба на куќа во деловните банки кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“ откако ќе се објави јавниот повик.
Досега се одобрени вкупно 2.010 барања за субвенциониран стабен кредит, а одобрените кредитите се во вкупен износ од над 73 милиони евра, за кои одобрените субвенции се во износ од 18,3 милиони евра.
