Македонија

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

01.04.2022 16:11

Премиерот упати апел за солидарност со лицата со аутизам потсетувајќи дека ние како општество сме обединети во различностите и дека обврска на Владата е да продолжи да работи на унапредување на решенијата кои ќе го подобрат квалитетот на живот на лицата со аутизам и на нивните најблиски.

Владата и институциите и натаму ќе бидат силен поддржувач и сојузник на овие семејства во борбата за градење на едно инклузивно општество, истакна денес премиерот Ковачевски кој во Владата се сретна со децата со аутизам и нетипичен развој од здружението „Во мојот свет“ и со нивните родители.

По повод Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот, децата и нивните родители беа повикани на куса прошетка во Владата, при што ги посетија Кабинетот на Претседателот на Владата, билатералната сала, салата за седници, медија центарот, по што имаа куса средба со премиерот Ковачевски во свечената сала.

Премиерот упати апел за солидарност со лицата со аутизам потсетувајќи дека ние како општество сме обединети во различностите и дека обврска на Владата е да продолжи да работи на унапредување на решенијата кои ќе го подобрат квалитетот на живот на лицата со аутизам и на нивните најблиски.

Тој истакна дека Владата и Министерството за здравство редовно спроведуваат активности од делот на Програмата на Владата со кои се овозможува на лицата со попреченост да ги имаат истите права со останатите граѓани во државата.