Државниот архив-чувар на најзначајните документи
Државниот архив, чуварот на најважните документи од македонската историја ги отвори вратите за посетителите по повод 71-годишно постоење…

Најстариот, највреден и најзначаен документ се наоѓа во депото на Државниот архив, датира од 12 век, од евангелие Св. Лука. Најден е во фондот на Робевци во османлиско време. Многу важни факти, запишани во историјата се запечатени на хартија чувана во оваа важна институција.
Реставрацијата и конзервацијата на граѓата е еден од најделикатните процеси. Има машинска и рачна. Бара многу трпение, но го продолжува векот на траење.
За 70 проценти е намален бројот на истражувачи за време на пандемијата. Ако претходно изнесувал 100 истражувачи годишно, за различни барања и етапи од историјата, во 2020 година, имало само 20.
Чинот на основањето на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја, а архивот за нашата држава и нашиот народ претставува изворно сведоштво за државното постоење и континуитет, како и за нашиот идентитет.
Александра Спировска
