Економија

Почна исплатата на минималната плата од 18.000 денари

01.04.2022 16:54

Од Владата велат дека утврдената методологија овозможува континуиран раст на минималецот. Ова значи дека минималната плата не може да биде пониска од 57% од просечната плата.

Почнува исплатата на повисоката минимална плата. Од денеска, околу 80 илјади работници ќе добиваат најмалку 18 илјади денари, како што се договорија социјалните партнери – владата, работодавачите и синдикатите.

Од Владата велат дека утврдената методологија овозможува континуиран раст на минималецот. Ова значи дека минималната плата не може да биде пониска од 57% од просечната плата.

Државата ќе го субвенционира делот врзан за придонеси за да го олесни процесот.