Прилеп

Земјоделците не знаат каква производствена година нè очекува

01.04.2022 17:34

Со кризи, енермно зголемени трошоци на производството, на прагот на пролетната сеидба, земјоделците сѐ уште не знаат каква производствена година нѐ очекува. Агрономите и земјоделците велат- навестена е државна помош, ама да е навремена...

Со есенска сеидба зад себе, на прагот на пролетната, земјоделците сѐ уште се прашуваат: Каква производствена година нè очекува? При скапи ѓубрива, нестабилни пласмани, на земјоделското производство му се потребни насоки.

Прихраната во добар дел ќе ги диктира приносите. Државната помош е навестена, ама треба да биде во соодветно време, велат агрономите. Тоа го укажале земјоделците, ресорните сектори и преработувачите.

Договорното производство ќе помогне да се преброди кризата, ама при пазарни услови, треба да се има предвид ризикот.

Агрономите се уверени во интересот за закуп на државно земјоделско земјиште за производство. Главно во населените региони. Во прилепско на располагање има околу 4.000 хектари.

 

Елизабета Митреска