Македонија- Бугарија
Следната средба на историската комисија на 12-ти и 13-ти мај во Софија
01.04.2022 17:58
Позитивна атмосфера, отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век...

Позитивна атмосфера, отворен дијалог и размена на ставови по однос на позициите и интерпретациите на минатото за ХI и XII век- Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија ја одржа 18-тата средба во Скопје.
Како што соопшти МНР, наредната средба ќе биде одржана во Софија на 12-ти и 13-ти мај 2022-ра година. До крајот на годината се планирани уште вкупно четири средби на Комисијата.
