Тенис

Медведев „одигра“ за Ѓоковиќ, Швјотек од понеделник лидер

01.04.2022 16:13

Медведев во ¼ финалето беше поразен од полскиот тенисер Хуркач со 2:0 во сетови (7:6, 6:3). Следен турнир за Медеведев е мастерсот во Монте Карло каде започнуваат натпреварите на земја, а каде приклучок ќе фати и Новак Ѓоковиќ.

Четврт- финалниот пораз на рускиот тенисер Данил Медведев на турнирот од мастерс серијата 1000 во Мајами, значи нова лидерска недела или 364-та на Новак Ѓоковиќ на АТП скалата, за само 10 бода повеќе од русинот. Медведев во ¼ финалето беше поразен од полскиот тенисер Хуркач со 2:0 во сетови (7:6, 6:3). Следен турнир за Медеведев е мастерсот во Монте Карло каде започнуваат натпреварите на земја, а каде приклучок ќе фати и Новак Ѓоковиќ. И Зверев 4-тиот рекет во Мајами беше елиминиртан во ¼ финалето, тој по три сета од норвежанецот Каспер Руд 8-мо рангираниот во Мајами. Руд за финален дуел ќе треба да биде подобар во пресметката со 103-тиот на АТП поредокот, аргентинецот Франческо Церудоло. 18 годишниот шпански тенисер Карлос Алкарас и натаму изненадува, овојпат со пласманот во ½ финалето каде обезбеди место со победа во три сета (6:7, 6:3, 7:6) над србинот Миомир Кецмановиќ. Алкарас за последен меч во Мајами ќе се соочи со елиминаторот на Медведев, Хуркач кој воедно е и лански освојувач на овој турнир. 

Кај тенисерките една наспроти друга на финалниот терен во Мајами ќе се најдат Наоми Осака и Ига Швјотек. Полската тенисерка местото во финале го обезбеди преку победата над американката Џесика Пегула по два сета (6:2, 7:5), додека јапонката за пласман за своето прво финале во Мајами беше подобра во три сета од швајцарката Бенчиќ, (4:6, 6:3, 6:4).

Независно која од обете тенисерки ќе го крене пехарот на турнирот во Флорида, полската тенисерка ќе биде од понеделник водечка на ВТА поредокот.