Јајцата нема да поскапат

07.04.2014 09:05

Цените на јајцата за Велигден ќе бидат исти или пониски. Зголеменото производство и конкуренцијата на домашниот пазар се очекува да ги поефтинат.

Јајцата за Велигден ќе бидат поевтини. Според живинарите табла јајца треба да чини од 180 до 200, а лани се продаваше од 220 до 240 денари.

Ваквата не вообичаена состојба, велат живинарите, е резултат на зголеменото производство, особено кај нелегалните домашни фарми.

Дневното се производува повеќе од 1,5 милиони јајца што е вишок од скоро 200 до 500.000 парчиња.

Според живинарите, дивите фарми немаат ХАСАП сертификат, и не прават испитувања за салмонела, а нудат пониски цени.

Лани биле извезени скоро милион јајца, а годинава извозот ќе биде уште помал, бидејќи Србија, Албанија и Косово имаат сопствени вишоци.

 

Методија Трајков