РКЕ
Нови цени на горивата од полноќ
01.04.2022 19:40
Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка, со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за околу еден процент.

Дизелот и екстра лесното поевтинуваат, бензините со иста цена. Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка, со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за околу еден процент.
Од полноќ, литар Дизел ќе се точи за 83,5 денари, Екстра лесното ќе се продава за 79,5 денари, Бензинот од 95 октани останува со цена од 83,5 денари за литар, а два денари поскап е бензинот од 98 откани.
