Борење

Прием за европскиот шампион Егоров во АМС и МОК

01.04.2022 19:51

Егоров веднаш по враќањето од Унгарија, заедно со делегација на боречката федерација беше на прием во Агенцијата за млади и спорт и во Олимпискиот комитет, а вечерва неговиот успех ќе биде одбележан и во општина Штип.

Со златниот медал на Владимир Егоров на Е П во Будимпешта, македонското борење го оствари најголемиот успех во новиот милениум. Натурализираниот македонски борач кој пред 3 години освои европска бронза, потврди дека со право е на листата олимписки стипендисти за ОИ Париз 2024 година. Егоров веднаш по враќањето од Унгарија, заедно со делегација на боречката федерација беше на прием во Агенцијата за млади и спорт и во Олимпискиот комитет, а вечерва неговиот успех ќе биде одбележан и во општина Штип.

„Благодарам на АМС за приемот и за поддршката која ја добивам. Исто така и на мојот тренер и на боречката федерација и на сите кои ми помогнаа за да го постигнам овој успех“ – изјави Владимир Егоров, освојувач на златен медал во категорија – 57 кг.

„Агенцијата за млади и спорт е тука за федерацијата и за нејзините спортисти. Во своите подготовки и настапи има голема поддршка од нас и од државата. Имаме европски првак и за мене е огромна чест и радост што се вееше нашето знаме, се слушаше нашата химна“ – изјави Наумче Мојсовски, директор на АМС.

„Боречката федерација на Македонија работи со сите категории, од најмлади до највозрасни категории. Очекувам оваа година огромни резултати во сите категории и очекуваме дел од оваа генерација да се натпреваруваат и на олимписките игри, што е наша најголема цел“ – изјави Дејан Богданов, претседател на ФБСМ.