Милвоки се радуваше во Бруклин, Адетокумбо го собори клупскиот рекорд на Џабар
Јанис со тројка се избори за продолжение, а таму во завршните моменти погоди слободни фрлања за победа. Сега Милвоки со вкупен ефект од 48 победи и 28 порази е најблиску до лидерот во Источната конференција Мајами, а Бруклин останува во „плеј ин“ зоната, со идентични 40:37 како и Шарлот и Атланта.

Во НБА лигата завршни обиди за пласман меѓу шесте најдобри по конференции. Ако на врвот на западот Феникс е сигурен, на истокот четири тима во битка за првото место. Милвоки го совлада Бруклин со 120:119, во меч со висок интензитет и голем број пресврти. За Јанис Адетокумбо историски, кој покрај 44 поени и 14 скокови, го собори клупскиот рекорд на легендарниот Карим Абдул Џабар од 14.211 поени за клубот. Јанис со тројка се избори за продолжение, а таму во завршните моменти погоди слободни фрлања за победа. Сега Милвоки со вкупен ефект од 48 победи и 28 порази е најблиску до лидерот во Источната конференција Мајами, а Бруклин останува во „плеј ин“ зоната, со идентични 40:37 како и Шарлот и Атланта.
Дополнителни 5 минути се играа и во Чикаго, каде што домашните славеа над ЛА Клиперс 135:130, предводени од феноменалниот Демар Дерозан, кој постигна 50 поени со над 65 процентна реализација од игра. Екипата на Јута го совлада ЛА Лејкерс 122:109 и го симна на 11 место, со одлична партија на најдобриот скокач и блокер во лигата, Руди Гобер со 25 поени и 17 скокови. Во другите два дуела, Детроит ја изненади Филаделфија со 102:94 а Атланта беше убедлива со 131:107 против Кливленд.
