ФУДБАЛ- СП КАТАР

Бразил повторно против Србија и Швајцарија

01.04.2022 20:50

Најтрофејната фудбалска репрезентација, 5-кратниот шампион Бразил има два исти ривала како и претходниот мундијал, Србија, Швајцарија, плус Камерун, што е една од најсилните групи.

Деновиве Доха е во фокусот на вниманието, со ждрепката за за 22Светското првенство во Катар кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. Првпат зимско, првпат во земја од арапскиот свет, а вторпат во Азија. Вкупно 29 земји се познати, за преостанатите 3 места ќе се борат 8 селекции, а списокот ќе се комплетира во јуни. Групната фаза содржи 8 групи со по 4 репрезентации, од кои по две ќе се пласираат во нокаут фазата, меѓу 16 најдобри.

Најтрофејната фудбалска репрезентација, 5-кратниот шампион Бразил има два исти ривала како и претходниот мундијал, Србија, Швајцарија, плус Камерун, што е една од најсилните групи. Португалија која во финалниот плеј оф ја совлада Македонија е со Ган, Уругвај и Јужна Кореја.  Бранителот на титулата Франција е во Д групата, заедно со Дамска и Тунис. Е групата е единствената група во која се поранешни европски шампиони, Шпанија како носител и Германија. Покрај нив ќе игра и Јапонија и победникот од плеј оф пресметката меѓу Костарика и Нов Зеланд. Последниот учесник ќе биде победникот од мечот Австралија /ОАЕ или Перу, кој го чека својот ривал.

Англија е во Б групата со Иран, САД и победникот од плеј офот во кој Велс го чека ривалот од мечот Шкотска-Украина. Домаќинот Катар ќе биде носител во А групата, заедно со Холандија, Сенегал и Еквадор. Аргентина е во Ц, заедно со мексико, Полска и Сауди Арабија. Конечно, Белгија е во Е групата, покрај Хрватска, Канада и Мароко. Мундијалот ќе започне на 22 ноември со мечот меѓу Катар и Еквадор, а големото финале е закажано за 18 декември.