Пожари

Пожарникарите на истокот од државата се подготвуваат за пожари на отворено

02.04.2022 10:31

Поучени од минатогодишните пожари, Територијалните противпожарни единици на истокот од државата се поподготвени за претстојната сезона. Палењето на стрништата е најчеста причина за пожарите на отворено.

За да не се повторат пожарите на истокот од минатата година, Територијалните единици претстојниот период на појава на пожари на отворено ја дочекуваат поподготвени. Кадровски сме зајакнати, а имаме и нови возила, вели командирот на штипската противпожарна единица

Најголемата опасност од пожари на отворено во регионот доаѓа од палење на стрништата од страна на земјоделците

Минатото лето во државата имало 142 шумски пожари кои зафатиле над 11 илјади хектари. Изгорела дрвна маса од скоро 500 илјади кубни метри, а штетата се цени на над две милијарди денари. Како најголема слабост во гасењето на пожарите во Малешевијата лани, освен недостигот од возила, пожарникарите ја посочуваат и слабата координираност на терен.

Славица Величковска