Браните со само 50 проценти од капацитетот
Поради сушниот период браните со кои Куманово и Липково се снабдуваат со вода, се полни само 50 проценти од капацитетот. Од претпријатието смируваат дека и со оваа количина ќе има доволно вода за двете општини. Рестрикции се можни за земјоделците...

Браните Липково и Глажња со кои Куманово и општина Липково се снабдуваат со вода се полни само 50 проценти од капацитетите. Сушниот период изминативе месеци со го направи своето. Но од претпријатието Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, потенцираат дека простор за паника нема, ќе има доволно вода за пиење за двете општини. Но можни се рестрикции за земјоделците.
Се исплатеа нашите инвестиции во претходните три години во санирање на системот за наводнување и системот за дотур на вода до ЈП „Водовод“ и оваа година, покрај овој сушен период успеавме да акумулираме вода околу 14 милиони метри кубни. Оваа вода ќе биде доволна за снабдување на Куманово со вода за пиење, додека за земјоделците ќе имаме одредени рестрикции оваа сезона доколку не дојде до обилни врнежи од дожд-истакна Оливер Илиевски, директор на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.
Од претпријатието посочуваат дека периодов доколку не дојде до пообилни врнежи, рестрикциите за земјоделците ќе значат дека за наводнување вода ќе има само два дена во неделата.
Сосема мал дел од земјоделците полеваат пченица и јачмен, само пченка, затоа не им зависи многу родот од водата за наводнување за тие две култури. Доколку сакаат да ги полеваат секако дека ние ќе им пуштиме вода за наводнување-дополни тој.
Од Кумановско липковско поле дополнуваат и дека работат на решавање на дефектот на бајпасот, на кој ќе се вклучи „Водовод“, со цел да се заштеди на електрична енергија.
Елена Георгиевска
