Прилеп

Олабавени мерки, ама цврста одговорност

02.04.2022 12:35

Основците ги симнаа маските, и возрасните на отворено во ресторан. Се бара и за средношколците. Дали тоа ја олабави и одговорноста кај возрасните. Психолозите советуваат – личната одговорност за здравјето мора да остане. А и потребата од имунизација...

Децата и младите без маски, возрасните со свесност и одговорност. Далеку сме од крајот на пандемијата иако сега нема бран, велат психолозите. Сфаќаат дека сме олабавени во потребата од нормализирање на животот. Но возрасните го носат товарот на обврските.

Пандемијата не потсети дека живееме во 21 век, ништо не е како порано, се наметнуваат адаптација и поинакви социјални норми.

Имунизацијата е подзаборавена, ама неопходна. Во доменот е на одговорноста. Апелот останува и е неопходен.

Со или без маски, остануваат одговорноста и личната свесност за здравјето.

Елизабета Митреска