Србија
Утре претседателски и парламентарни избори во Србија
02.04.2022 12:43
Според анкетите претседателот Вучиќ повторно ја освоил довербата од мнозинството граѓани...

Претседателот Александар Вучиќ и владејачката Српска напредна партија очекуваат уште една победа на утрешните претседателски и парламентарни избори.
Опозицијата овој пат е само делумно обединета околу кандидатот за претседател, генералот Здравко Понош. Според анкетите претседателот Вучиќ повторно ја освоил довербата од мнозинството граѓани.
Се очекува да освои 60,1 насто од гласовите, а неговиот главен противкандидат, генералот Понош, може да се надева на само 16,4 отсто од гласовите. Другите шестмина кандидати имаат минимални шанси за успех.
