Унгарија

Парламентарни избори во Унгарија, предизвик за Орбан

02.04.2022 12:57

Граѓаните на Унгарија утре ќе гласаат на парламентарните избори...

Граѓаните на Унгарија утре ќе гласаат на парламентарните избори на кои долгогодишниот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес се пред најголемиот предизвик досега.

58-годишниот Орбан сега има сериозен ривал, разновидна коалиција обединети за Унгарија, шестпартиска алијанса предводена од мандатарот Петер Марки-Зај.

Анкетите покажуваат дека Фидес има мала предност. Орбан кој е на чело на владата од мај 2010 година, се бори за четврти последователен мандат како премиер, а вкупно петти.