Македонија

Деинституционализација на лицата со попречености

02.04.2022 13:26

Деинституционализацијата на лицата со попречености се очекува да заврши за 2 години. Помалку од 200 лица се очекува до крајот на 2024 година, да излезат од резиденцијалните установи и добијат станбени единици во кои ќе добиваат ќе добиваат комплетна заштита..

Од над 400 лица помалку од 200 се останати во резиденцијалните установи во земјава, Демир Капија и Заводот во Банско. Се очекува до крајот на 2024-та година сите штитеници да бидат сместени во стамбени единици. Развивањето социјални услуги на локално ниво е еден од клучните предизвици за успешна деинституционализација. Се формираат капацитети за прифаќање и згрижување на лицата сместени во институциите, како мали групни домови или да се воспостават служби за живеење со поддршка во заедницата.

Министерката Тренчевска потенцира за фактот што во земјава нема дете под 18 години што не е извадено од конвенционалните институции. Имено, една година пред предвидениот рок преку процесот на деинституционализација сите деца се извадени од сиропиталиштата и се згрижени во мали групни домови или згрижувачки семејства.

Експертите од областа потенцираат дека со имплементацијата на овие вонинституционални форми на социјална заштита ќе се овозможи и спроведувањето на процесот на деинституционализација што пак ќе значи приближување до семејството, односно до локалната заедница, можност за реинтегрирање во заедницата но и повисок квалитет на услуги заради индивидуалниот третман на овие лица. Од друга страна на подолг рок тоа ќе значи и намалување на трошоците.

Стојне Митева