Носење на национална стратегија, изградба на адекватни дневни центри и регистар на лицата со аутизам
Во организација на Македонско – Турското здружение Мустафа Кемал Ататурк во Битола родители на деца со аутизам од повеќе градови на земјава испратија пораки за што поскоро носење на национална стратегија и изградба на адекватни дневни центри за децата со аутизам. Слободните проценки се дека аутизмот кај децата е во пораст а ние сè уште немаме регистар на ваквите лица.

Аутизмот не е болест туку состојба, но и синдром кој создава многу тешкотии за родителите. Со инклузијата во редовниот образовен процес и воведувањето на образовен асистент состојбите се малку подобрени но сè уште далеку од идеални велат родителите на децата со аутизам. Ние не можеме вечно да живееме за да бидеме покрај нив и постојано им помагаме. Затоа час поскоро да се донесе национална стратегија и започне со изградба на адекватни дневни центри стои во нивните главни пораки.
Неопходни работи кои ќе ја зголемат нивната инклузија, а со тоа поефикасно би се откриле нивните афинитети и би придонесле за обезбедување нивна егзистенција по полнолетството.
Причините за појавата на аутизмот засега не се целосно дефинира. По проценка на родителите последно време бројката на вакви деца е во подем. Во таа насока е и апелот за изработка на официјален регистар по примерот на напредните европски земји.
Стевче Митревски
