Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на парламентарните избори

07.04.2014 09:54

Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на неговата партија Фидес на парламентарните избори, притоа истакна дека со тоа се покажало дека Унгарија е најобединетата нација во Европа. 
„Ова не е само некаква незначајна победа. Остваривме голема победа чијашто важност се уште не можеме да ја сфатиме“.-Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

Парламентарните избори во Унгарија доаѓаат по уставните промени со кои се намали бројот на пратеници, и за првпат им беше овозможено на унгарците со двојно државјанство кои живеат надвор од родната земја да гласаат по поштенски пат.