Македонија

Ден на Првата пешадиска бригада

02.04.2022 17:45

Првата армиска пешадиска бригада одбележа три децении јубилеј. Ја покажувате својата стручност и највисоките способности во меѓународните мисии, докажавте дека мултиетничноста е предност, а армијата на Северна Македонија неслучајно е НАТО армија, убедена сум дека ќе бидете високо оценети – им порача министерката Петровска.

Ова е ден кога треба да се потсетиме на жртвувањата на претходниците на оваа бригада кои придонесоа за постигнатото и чиј носител на традицијата е бригадата – рече полковник Бесник Емини во својот говор по вод одбележувањето на Денот на првата пешадиска бригада. Во континуитет работиме на подобрување на способностите и вештините на нашите состави од областа на операции и борбена готовност.

„Тој континуитет се должи на растот на процентот на издвоени средства од бруто домашниот производ кои се вложија во модернизација и опремување на Армијата согласно долгорочниот план за развој“, изјави полковник Бесник Емини.

Припадниците на оваа најголема армиска единица рамо до рамо, различни а единствени, ги покажуваат својата стручност и своите способности и докажуваат дека мултиетничноста е предност. Армијата покажа единство и сплотеност во справувањето со пандемијата, но и во други кризни ситуации како пожарите и поплавите.

„За сета ваша посветеност, професионалност, обученост, во име на владата, во свое име и во име на граѓаните, ви изразувам благодарност“, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Првата пешадиска бригада го одбележа 2-ри април како датум кога пред десет години оваа единица ги презема задачите од двете поранешни бригади и стана најголема борбена единица со застапеност од повеќе армиски родови.

Тања Сарандеска