САД

Откажано пробното лансирање балистичка ракета

02.04.2022 20:10

Ракетата со дострел од 10.000 километри е способна да носи нуклеарно оружје и претставува клучна компонента на американскиот воен арсенал...

Соединетите американски држави го откажаа лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета „Минутмен 3“.

Ракетата со дострел од 10.000 километри е способна да носи нуклеарно оружје и претставува клучна компонента на американскиот воен арсенал.

Пентагон првпат го одложи тестот на 2 март, веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин ги стави своите сили во состојба на готовност.