Ковид19

Нови 300 случаи на Ковид-19 и еден починат

02.04.2022 20:28

Починатото лице е од Битола на 71-годишна возраст. Тоа починало во болнички услови и кај него се регистрирани коморбидитети...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се регистрирани 300 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.493 тестови, како и 197 оздравени пациенти и едно починато лице, информира Министерството за здравство.

Од новорегистрираните 300 случаи на КОВИД-19 од Скопје се 180, Битола 19, Охрид 16, Прилеп и Кавадарци по 13, Струмица 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен по 5, Кичево и Делчево по 4, Тетово и Струга по 3, Штип и Кочани по 2 и Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево по 1. Од вкупниот број на позитивни 59 се реинфекции.

Од оздравените 197 пациенти од Скопје се 129, Битола 16, Кавадарци 10, Прилеп и Куманово п о 8, Гевгелија и Ресен по 4, Гостивар 3, Штип, Кочани, Дебар, Берово и Богданци по 2 и Велес, Охрид, Струмица, Кичево и Виница по 1.

Починатото лице е од Битола на 71-годишна возраст. Тоа починало во болнички услови и кај него се регистрирани коморбидитети.