Пјонгјанг со закани кон Сеул
Изјавата следи откако јужнокорејскиот министер за одбрана рече дека неговата земја располага со проектили со значително подобрен дострел и моќ, кои можат прецизно и брзо да погодат која било цел во Северна Кореја...

Ким Јо-Џон, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, предупреди дека Пјонгјанг ќе уништи големи цели во Сеул, ако Јужна Кореја преземе каква било „опасна воена акција“.
Изјавата следи откако јужнокорејскиот министер за одбрана рече дека неговата земја располага со проектили со значително подобрен дострел и моќ, кои можат прецизно и брзо да погодат која било цел во Северна Кореја.
Според Ким, ваквите тврдења дополнително ги влошиле меѓукорејските односи и воените тензии на корејскиот полуостров. Тензиите на корејскиот полуостров значително се влошија во изминатите неколку недели, откако Северна Кореја тестираше две балистички ракети на 26-ти февруари и на 4-ти март.
