Македонија

Ќе се брендира костеновиот мед од Беласица

03.04.2022 10:27

Пчелната задруга „Пчелин рај“ од Струмица ги привршува процедурите медот добиен од дури 93 проценти од нектар на костеновиот цвет да биде бренд од костеновата шума на Беласица. Од задругата сметаат дека пчеларите треба да се стимулираат, нивните пчелни семејства да се населат токму на овој регион со цел и поголеми бенефиции...

Мед од беласичкиот костен станува бренд од Југоистокот. Пчелната задруга „Пчелин рај“ по долгите анализа кои покажале дека тоа е единствениот мед кој дури 93 проценти е составен од нектар од костеновиот цвет. Со оваа констатација, велат, дека медот добиен токму од костенот кој е со автохтоно потекло од Беласица е еликсир помеѓу медовите.

Андонов смета, дека пчеларите од југоистокот треба да се стимулираат, нивните пчелни семејства да се населат токму на Беласица каде царува костенот, со цел пашата да биде токму на плодородниот регион. Брендирањето на истиот е во завршна фаза.

Мед од костен се произведува и на други региони во Македонија, но површината на костеновата шума на Беласица нуди огромен потенцијал. Андонов нагласува дека, ако конвенционалниот полифлорен мед се нуди на пазарот од 500 – 600 денари по килограм, костеновиот мед е со цена која достигнува до 900 денари.

Стојне Митева