Македонија

Непроценливо црковно богатство кое треба да се заштитува

03.04.2022 10:31

Прилепскиот музеј го заокружи повеќегодишниот процес на реевидентирање на црквите, иконите и фрескоживописите од регионот. Богатството е непроценливо, ама му треба перманентна заштита. Запоставените дела од 19 век треба да се заштитат...

Со преку 5.000 икони, бројни фрескоживописи, зографски ремек дела во 154-те цркви, прилепско-мариовскиот и крушевскиот регион се вбројува во еден од најбогатите со културното-црковно богатство во земјава. Датираат од 12-тиот па до 19 век, а највредни остануваат оние во најстарата прилепска населба-Варош.

Фрескоживописите и иконите ги раскажуваат вековните приказни. Иако црковните одбори, главно, се грижат за селските цркви, најдискутабилно е во ненаселените места во Мариовскиот предел. Но, најзапоставена е зографската умешност од 19 век со поствизантиски влијанија која итно треба да се заштити.

Последниве години речиси нема кражби во црквите. Во Долненско се поставено алармни системи.

Заштитата на културно-црковното богатство е долготраен, а треба да биде упорен процес за неповратно да не се загуби.

Елизабета Митреска