Свет
Парламентарни избори во Унгарија
03.04.2022 12:46
Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори...

Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас бираат нов состав на парламентот. На владејачката партија Фидес на премиерот Орбан наспроти коалицијата од шест опозициски партии обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.
Според анкетите Фидес има минимална предност пред коалицијата обединети за Унгарија, а според експертите ова се неизвесни избори.
За првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.
