Авганистан
Експлозија во центарот на Кабул, има повредени
03.04.2022 12:57
Ова е прва експлозија во Кабул по неколку месеци, откако талибанците ги зајакнаа безбедносните мерки во поголемиот дел од земјата, поставувајќи контролни пунктови, по преземањето на власта во август минатата година..

Најмалку 15 луѓе се повредени во експлозија која во центарот на главниот авганистански град, Кабул. Ова е прва експлозија во Кабул по неколку месеци, откако талибанците ги зајакнаа безбедносните мерки во поголемиот дел од земјата, поставувајќи контролни пунктови, по преземањето на власта во август минатата година.
Нападот во Кабул се случува во време кога исламската земја почна со одбележување на светиот месец Рамазан на 2-ри април.
