Дујовски: Учеството на поединци во меѓународно признаена влада како украинската не е казниво наспроти случајот со Исламската држава
Повикот на украинската влада за да се вклучат борци од други земји, ја разбранува јавноста и ставовите дека е потенцијален нов безбедносен ризик. Според експертите учеството на поединци во меѓународно признаена влада како украинската не е казниво наспроти случајот со Исламската држава..

Руско украинската војна го актуализира прашањето за безбедноста и на нашата држава. Повикот на украинската влада за да се вклучат борци од други земји беше различно протолкуван во јавноста како потенцијален нов безбедносен ризик, но законот е дециден велат експертите. Универзитетскиот професор по безбедност Дујовски за МТВ вели дека учеството на поединци во меѓународно признаена влада како украинската, што не беше случај со исламска држава, не е казниво, но сè додека не се прават мрежи, ќелии и не се организираат групи за заминување во странска војска.
Над 150 повратници борци од други боишта се во земјава и веќе се во процесот на ресоцијализација и реинтеграција што е макотрпен долгогодишен сложен процес, вели Дујовски. Државата има организиран систем во кој учествуваат дел од оние кои веќе се вратиле. Некои се во затвор, а некои ја издржале казната затвор и се слободни граѓани, други пак допрва ги чека судска разрешница.
Државата се грижи и за нивните семејства. Вклучени се повеќе од 20 институции во државата кои на различен начин пристапуваат и се обидуваат тие луѓе да ги имаат во предвид секогаш кога треба да се поддржат да им се помогне за нивна преквалификација, или можеби за одредена обука за самостојно да учествуваат на пазарот на труд. И се со цел – да се одвратат од злите намери на поединците за загрозување на безбедноста.
Фиљана Кока
