Македонско-бугарски спор

„Јавувања и лобирања за да не се реши спорот“

03.04.2022 15:46

Лица од наши институции се јавувале во Бугарија да спречат решение на спорот со образложение дека ќе има предвремени избори – обелодени Османи. Вели ниту една членка на ЕУ нема интерес од блокада, тоа го прават трети страни..

Државни службеници и партиски членови, изминатава недела се јавувале во Бугарија за да не се брза со решавање на спорот со Македонија бидејќи во земјава ќе се случат брзи предвремени избори, рече на брифингот со новинарите министерот за надворешни Османи. Тој не откри дали овие лица имаат директна поврзаност со протераните руски дипломати, само наведе дека се на иста линија со агентите за кои бугарскиот премиер Петков рече дека работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.

Османи не даде одговор дали до јуни може да се очекува Скопје и Софија конечно решение за спорот, но рече дека тоа ќе зависи дали ќе се постигне сеопфатен договор и дали тој ќе биде прифатен и одобрен од општествата во двете земји. Кога ќе се постигне сеопфатно решение тогаш ќе брифирам во парламентот вели министерот за надворешни.

По однос на критиките на опозицијата дека Владата во Македонија за разлика од бугарската, молчи за договорот на историската комисија Османи посочува дека текстот за Цар Самоил бил постигнат кон крајот на 2019-та година заедно со уште неколку историски личности. Сега вели останува да се усогласи во која форма заедничкото чествување како текст ќе се вметне во учебниците. Османи е задоволен од напредокот, а работата на историчарите како што кажа е независна од Владата.

Викторија Милевска