Трибина за состојбите во здравството
Пандемијата ги стави на површина сите нефункционалности на здравствениот систем-оценија докторите на трибината во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Стручни кадри има на здравството му треба реорганизација и квалитетно менаџирање...

Потребна е комплетна реорганизација на јавното здравство, континуирана обука на здравствениот кадар и инвестирање во овој сектор се заклучоците од трибината за состојбите во јавното здравство во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Нема потреба од фрлање огромни средства за изградба на нов клинички центар кој според д-р Ристо Симеонов може да се направи покрај болницата 8-ми Септември.
„Соодветно место за клинички центар е кај сегашната болница 8-Септември, каде што има постоечка инфраструктура“, рече д-р Ристо Симеонов.
На трибината се дискутираше и за третманот на болните од ковид изминативе две години.
„Македонија беше единствена земја каде што протоколите беа државна тајна“, рече д-р Игор Николов.
Ковидот не научи колку не функционира здравствениот систем, покрај инфраструктурните објекти и недостатокот на лекови, беше заборавен медицинскиот персонал кој го носи најголемиот товар во здравството, вели д-р Јовановски-Срцева.
„Во Македонија не постои закон. Тие немаат конкретна дејност“, рече д-р Марија Јовановски Срцева.
На трибината беше посочено дека е потребно повеќе внимание да се посвети на пост-ковид проблемите на пациентите.
Тања Сарандеска
