Ковид-19

196 новозаразени од Ковид-19, едно лице починато

03.04.2022 16:46

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 196 случаи на Ковид-19 од направени 2.067 тестови...

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 196 случаи на Ковид-19 од направени 2.067 тестови.

Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.

Регистрирани се 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола – 5, Делчево – 3, Велес-2, Гостивар, Кичево, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Битола (81г), во болнички услови.

Досега во земјата направени се вкупно 1.969.035 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 306.670, бројот на оздравени пациенти е 295.457, на починати 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985.