Македонија

Одбележување на денот на НАТО

04.04.2022 08:06

Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“...

Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел, денеска го организира традиционалниот настан „Денот на НАТО – 4 Април“.

Станува збор за активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата.

На настанот се презентираат и реформите и напредокот на годишно ниво, со посебен осврт на Армијата. Оваа година, како што соопштија организаторите, посебен фокус на настанот ќе се стави на пандемијата и војната во Украина, во пресрет на Самитот на НАТО во Мадрид.