Унгарија

Убедлива победа на Орбан во Унгарија

04.04.2022 08:19

Ова е четврта последователна изборна победа на Орбан...

Унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан прогласи победа на парламентарните избори во неделата, велејќи дека тој и неговата партија Фидес ја бранеле „слободата и суверенитетот на Унгарија“.

Прелиминарните резултати по 98 отсто пребројани гласови на националните партиски листи покажаа дека партијата Фидес на Орбан води со 53,1 отсто од гласовите, наспроти 35 отсто за шестпартиската опозициска алијанса на Питер Марки-Зај. Фидес има предност и во 88 од 106-те изборни единици во кои се избира по еден пратеник.

Ова е четврта последователна изборна победа на Орбан.