Србија избори

Вучиќ прогласи победа на претседателските и парламентарните избори

04.04.2022 08:30

Лидерот на Српската напредна партија и претседателски кандидат Александар Вучиќ прогласи победа на претседателските и парламентарните избори..

Лидерот на Српската напредна партија и претседателски кандидат Александар Вучиќ прогласи победа на претседателските и парламентарните избори и најави дека може самостојно да ја формира идната српска влада.

Вучиќ на прес-конференција кажа дека тој на претседателските избори, според избројаните 85 отсто гласови од цела Србија, гласовите од Косово и дијаспората, има освоено меѓу 59,9 и 60,1 отсто гласови, наспроти останатите кандидати, меѓу кои и опозицискиот кандидат од Обединета Србија Здравко Понош, кој освоил 17,7 отсто гласови.