Заврши караванот за вакцинација
Караванот почна на 21-ви март од Шуто Оризари, а заврши во Струга. Беа посетени 14-тина градски и рурални подрачја низ целата држава. Граѓаните имаа можност да се вакцинираат против Ковид-19, но и да се информираат за вакцинацијата и за придобивките од неа.

Заврши караванот за вакцинација против Ковид-19 што се реализираше во изминатите две недели. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека речиси 41,2 проценти од вкупното население е вакцинирано со две дози, а само седум проценти со трета (бустер) доза, но со караванот се очекува тој број да се зголеми.
Караванот почна на 21-ви март од Шуто Оризари, а заврши во Струга. Беа посетени 14-тина градски и рурални подрачја низ целата држава. Граѓаните имаа можност да се вакцинираат против Ковид-19, но и да се информираат за вакцинацијата и за придобивките од неа.
Според здравствените власти, невакцинираните луѓе имаат поголем ризик од смртен исход од Ковид-19 во споредба со оние кои биле вакцинирани и затоа апелираат граѓаните да не ја одложуваат одлуката за вакцинирање.
Покрај караванот за вакцинирање, граѓаните имаат можност да се вакцинираат и во најблиските здравствени домови секој работен ден од 8 до 14 часот, додека пунктот за вакцинирање во поликлиниката „Букурешт“ во Скопје е отворен до 20 часот од понеделник до петок.
