Се очекува одлука за препораките на Комисијата за заразни болести
Комисијата за заразни болести на последниот состанок препорача маските да не бидат задолжителни за учениците во средните училишта и да се дозволи организирање на екскурзии...

Комисијата за заразни болести на последниот состанок препорача маските да не бидат задолжителни за учениците во средните училишта и да се дозволи организирање на екскурзии. За овие препораки се чека потврда од Главниот кризен штаб и од Владата.
Во изминатиот период рестриктивните мерки постепено се олабавуваат. Учениците од основно образование веќе не носат маски на училиште, а оваа обврска остана само за наставниот кадар. Повеќе не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во трговските центри и во отворените делови на угостителските објекти.
Последните бројки за новозаразени што вчера ги објави Министерството за здравство покажуваат дека се регистрирани нови 196 случаи од направени 2.067 тестови. Битката со вирусот во изминатите 24 часа ја изгубило едно лице на 81-годишна возраст од Битола. Активни се 1.985 случаи.
