КОШАРКА (ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА)

Пелистер останува на лидерската позиција

03.04.2022 10:34

Пелистерци и во Гостивар ја потврдија фаворитската улога, а со тоа и лидерското место, преку триумф над гостиварци, 81:64.

Кошаркарскиот македонски првенствен шампионат стигна до 21-то претпоследно коло од регуларниот дел. Пелистерци и во Гостивар ја потврдија фаворитската улога, а со тоа и лидерското место, преку триумф над гостиварци, 81:64.

Битолчани заедно со МЗТ Скопје Аеродреом и ФМП се сигурни за во плеј-офот, односно разигрувањето за титулата. Гостивар по поразот се уште барем до утре е четврти, ноќе ги чека исходите токму од утрешните директни конкуренти за останок во топ шестката, а со тоа и место во суперлигата.

Гостивар ќе чека да види како ќе одиграат 6-тите Еуро Никел на гостувањето кај Работнички, како и  Феникс кој пак оди на терен кај аеродромци (дуел кој утревечер го гледаме живо на МРТ3 од 19 часот), а не извесноста ќе потрае до среда кога 5-тите ТФТ ќе се соочат со ФМП.