Победи за Еурофарм Пелистер и Вардар
Вардарци пак, не дозволија по вторпат да бидат изненадени од Еурофарм Пелистер 2, па со победа и три бода си заминаа од Битола 22:19, за и натаму се втори на табелата со 11 бода.
Во ракометната суперлига во плеј-офот се одигра третото коло меѓу шесторката која се бори за македонскиот ракометен трон. Први денот го отворија Еурофарм Пелистер кој потешко, но сепак очекувано триуфално го заведе домашниот дуел со Охрид 29:23, со што битолчани останаа на лидерското место во поредокот со 13 бода.
Вардарци пак, не дозволија по вторпат да бидат изненадени од Еурофарм Пелистер 2, па со победа и три бода си заминаа од Битола 22:19, за и натаму се втори на табелата со 11 бода.
Бутел и Тиквеш јазаокружија третата рунда денеска со славје на домашната екипа 32:29, за трето место на скопскиот тим за место во суперлигашкиот плеј-оф, зад Еурофарм Пелистер и Вардар со 9 бода.Четвртото место и натаму го имаат Еурофарм Пелистер 2 со 4 бода, следат по него Тиквеш со два и Охрид со еден бод.
