ТЕНИС

Ига Швјотек го освои Мајами

03.04.2022 10:48

Одличната серија од 17 победи во низ ја вбројува 20 годишната Швјотек меѓу четирите тенисерки или единаесета севкупно која успева да го врзе таканаречен „Сончевдвоец“, мастерсите од серијата 1000 во Индијан Велс и Мајами. Ова беше воедно и четврта мастерс 1000 победа за неа.

Полската тенисерка Ига Швјотек по само еден час и 20 минути игра го крена виско пехарот на мастерс 1000-ката во Мајами откако во двасета 6:4 и 6:0, славеше над јапонката некогашната најдобра светска тенисерка, Наоми Осака.

Одличната серија од 17 победи во низ ја вбројува 20 годишната Швјотек меѓу четирите тенисерки или единаесета севкупно која успева да го врзе таканаречен „Сончевдвоец“, мастерсите од серијата 1000 во Индијан Велс и Мајами. Ова беше воедно и четврта мастерс 1000 победа за неа.

Супер формата на Швјотек ќе се заокружи во понеделник кога полската тенисерка ќе се најде на позицијата број еден на ВТА поредокот.

Утрешното финале на машкиот дел од мастерс 1000-ката во Мајами им припадна на супер 18 годишниот шпанец Карлос Алкараз и норвежанецот Каспер Руд.