ФУДБАЛ – ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА

Лошите резултати на Работнички го разрешија Христов

03.04.2022 10:53

Христов тренерската улога во Работнички ја имаше од средината на ноември 2021-ва која ја презема од Александар Влахов, кој пак тогаш, поради лошите резултати си поднесе оставка.

Третиот пораз со ред на фудбалерите на Работнички, овојпат од Струга Трим лум дома  3:1, во домашниот прволигашки шампионат значеше разделба со шефот на стручниот штаб Борче Христов, иако договорот за меѓусебна соработка беше до 2023-та. Од „Работнички“ му се заблагодарија на Христов за вложениот труд, но кога нема резултати како велат, одговорноста се бара кај предводникот, а оваа одлука сметаат во клубот дека ќе ги разбуди и фудбалерите.

Христов тренерската улога во Работнички ја имаше од средината на ноември 2021-ва која ја презема од Александар Влахов, кој пак тогаш, поради лошите резултати си поднесе оставка.

На следниот натпревар кој тимот на Работнички го игра во среда против Брегалница, ќе го водат досегашните асистенти на Христов, Стојанче Игњатов и Блаже Јанакиевски.