Концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“
Во Фоајето на Националната опера и балет, каде влезот на концертот ќе биде слободен, ќе бидат изведени и Пеома за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, Записи за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски...

Во рамките на фестивалот „45. Денови на македонска музика“, под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, вечерва Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ ќе изведе повеќе дела, меѓу кои Адаѓо за гудачки оркестар од Кирил Македонски и Циклус за сопран и гудачки оркестар од Благоја Ивановски.
Во Фоајето на Националната опера и балет, каде влезот на концертот ќе биде слободен, ќе бидат изведени и Пеома за гудачки оркестар од Драгослав Ортаков, Записи за глас и гудачки оркестар од Михајло Николовски, Кончертино за гитара и гудачки оркестар од Јане Коџабашија и Калеш Анѓо за сопран и гудачки оркестар од композиторот Благој Цанев.
